23 милиони денари за нови туристички содржини во 4 општини од Југоистокот
Општините Дојран, Гевгелија, Валандово и Конче ќе инвестираат околу 23 милиони денари во нови туристички содржини. Понудата за туристите ќе се збогатува преку заеднички проект што го имплементира Центарот за развој на Југоисточниот плански регион. За реализација на планираните активности од страна на бирото за регионален развој обезбедени се 17, 9 милиони денари, додека останатите средства ги обезбедуваат општините од сопствените буџети.
Преку овој проект кој е насловен ,,Збогатување на туристичката понуда во Југоисточниот плански регион’’ Дојран ќе добие нова пешачка патека која води до самиот граничен премин, во Гевгелија ќе се врши доизградба на патот до селото Ума кој треба да придонесе за негова ревитализација, но и за развој на планинскиот и ловен туризам. Во Валндово е планирано уредување на пешачката патека од манастирот Свети Ѓорѓи, до Исар Кулата и поставување на телескоп за набљудување, додека во Конче целосно ќе се обнови конакот во дворот на манастирската црква Св. Стефан.
Почетокот на градежните активности и конкретната реализација на проектите е планиран за почетокот на март.
-
Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар