Македонија
5. October 2026 - 11:11

25-годишник пијан предизвикал пожар во своето село, измерени му се 2,36 промили алкохол во крвта

На 04.10.2026 во 22:20 часот, полициски службеници од Полициското одделение Старо Нагоричане го лишија од слобода Ф.М.(25) од с.Враготурце, Општина Старо Нагоричане, постапувајќи по претходна пријава дека во селото предизвикал пожар.

Тој е приведен во полициска станица и по извршени проверки, било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,36 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

Ново на Сител