Македонија
1. July 2025 - 15:02

25-годишник со „мерцедес“ излетал од патот, тешко повреден 18-годишниот сопатник

Денеска (01.07.2025) во 00.20 часот во СВР Струмица е пријавено дека на крстосницата од ул.„Младинска“, ул.„24-ти Октомври“ и ул.„Братство-единство“ во Струмица патничко возило „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Е.М.(25) од с.Градошорци, општина Василево, излетало од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил неговиот сопатник М.М.(18), констатирани во Медицинскиот центар Струмица. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Струмица.