-->
-->
26-годишник живеел во вонбрачна заедница и силувал малолетно девојче повеќе од една година
-->

СВР Струмица-ОВР Радовиш, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против 26-годишен жител на радовишко село поради постоење на основано сомнение дека сторил кривични дела „силување на дете кое не наполнило 15 години“ по член 188 и „вонбрачен живот со дете“ по член 197 од Кривичниот закон.
Во текот на 2025 па до 23.07.2026 во радовишко село, во куќата на родителите на малолетничката со која живеел во вонбрачна заедница, пријавениот неколку пати извршил обљуба врз неа иако знаел дека немала наполнето 15 години. Тој е лишен од слобода, задржан е во просториите на Полициската станица Радовиш и во текот на денот ќе биде изведен пред судија од Основен суд Струмица, соопшти МВР.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Поранешниот претседател на ФФМ, Сејдини излезе од притвор
-

Се проширува Безбеден град
-

Преглед на вестите од светот
-

Муцунски: Нашата цел како Влада е трајно зачувување на Охридскиот регион како светско, природно и културно наследство
-

Велковски: Парите заштедени во вториот столб се на граѓаните
-

Почна чистењето на водоводот во Гостивар
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Сотир Лукровски, градоначалник на Карпош
