30 деца хоспитализирани на Детска клиника
Редуцирани посетите на Клиниката за детски болести поради големиот број на болни деца. Со грип има хоспитализирано 30 пациенти како и бебиња со респираторен синцицијален вирус. Доенчињата според педијатрите се најмногу на удар на респираторните инфекции и дел од нив имаат потреба и од кислородна поддршка.
-Дел од нив развиваат и долно респираторни инфекции како пневмонии, бронхиолоит и воспаление на мускулите и нив ги примаме за болнички третман. Кај кои најчесто е изолиран грип од типот А а во последно време има се поголем број и на деца со респираторен синцицијален вирус. И секако нашите препораки да ги редуцираме посетите се со цел да ги заштитиме децата. Очекуваме да има пораст кога ќе се вратат на училиште, вели д-р Реџеп Мемеди, директор на Клиника за детски болести.
Освен децата на удар се и повозрасните кои имаат хронични заболувања и кај кои грипот прави дополнителни комликации.
На Пулмологија во приоритетната амбуланта постојано имаат гужви а над 100 прегледи за 24 часа има и на Клиниката за инфективни болести каде имаат хоспитализирано триесетина болни со потврден грип. Двајца од нив се на респиратор на одделот за интензивно лекување.
Иако бројките на заболени растат и здравствените власти и од министерството за образование кажаа дека нема пролонгирање на второто полугодие и децата од вторник се враќаат во училиште.
-

Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар
