300 милиони евра се вложуваат за модернизација на Армијата
Транспортери, оклопни возила, опрема за специјални задачи, подобрување на капацитетите на противоздушната одбрана, ремонт за транспортните и борбените хеликоптери, 300 милиони евра ќе бидат иневстирани во првата темелна модернизација на вооружените армиски сили.
Стартува најголемата набавка на опрема во изминатите 24 години која треба да ја крене борбената готовност на македонската армија.
12 Интегрирани проектни тимови со над 100 експерти од одбраната речиси една година прават анализи на моменталната состојба на средствата и опремата со кои располага АРМ.
Во изминатите години АРМ го добиваше најмалото внимание од државата, а војската досега користеше застарена воена опрема и вооружување, обезбедена преку набавки на користена воена опрема и преку донации од пријателски земји.
Процесот на замена на оклопните возила започна во октомври 2014 година, а целосната модернизација ќе биде извршена во наредните неколку години. Според информациите од МО при одлуката за набавка еден од главните критериуми е опремата да биде во согласност со потребите и НАТО стандардите. Компаниите кои се повикуваат на тендер се од НАТО земји членки и земји кои се НАТО партнери како директни производители. Посебна техничката комисија врши евалуација на технилчките картериски на понудите, а покрај цената се внимава и на квалитетот на опремата.
-

Иван Кузмановски
Сите содржини од овој новинар
