Повторно протест на 50-тина лица со договор на дело на Клиника за детски болести
Педесетина административци, хигиеничари и болничари 6 месеци се без продолжени договори и без плата на Клиниката за детски болести. Денеска по втор пат протстираа и тоа пред министерството за здравство откако претходниот пат беа пред финансии. Бараат итно решавање на нивниот статус бидејќи од јануари до мај оделе на работа без никаков официјален документ.
-Никакви договори. Не е прв пат ова да се случува, и порано имало каснење но на крајот на денот како се вика ќе добиеме. Ова сега е претеризам и топката ја префрлуваат едни на други, вели Седат Буши, поранешен вработен со договор на дело на Клиника за детски болести.
-Од нас има луѓе кои работеле 8 години, седум четири години со договор на дело. Истите договорци сме и од лани, ама сега нема пари за нас а ние чекаме, изјави Самир Нухи, поранешен вработен со договор на дело на Клиника за детски болести.
Министерот за здравство ги прими на на средба, меѓутоа нема конкретен одоговор и решение за нивниот неколкумесечен проблем.
-Јас денеска од Клнииката за детски болести побарав да ми ја достават целокупната административна документација да ја разгледаме со правниците во МЗ. Вработувањата се прават согласно систематизацијата но и кога има административна поткрепеност. Уште еднаш замолувам секој директор ја ЈЗУ да не им дава лажни надежи на вработените бидејќи ако немаат поткрепена документација нема да има вработувања, вели Азир Алиу, министер за здравство.
Претходно, директорот на Клиниката за детски болести изјави дека има потреба од овој кадар и навреме доставил документација.
-

Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар
