4 куќи гореа во пожарот во Злокуќани, повредено малолетно дете и двајца пожарникари
6 лица побарале лекарска помош поради гушење од чад, a неколку семејни куќи се пеплосани во пожарот во Злокуќани. Со повреди се здобило едно малолетно дете и двајца пожарникари кои со воила на итната помош биле пренесени во болница. Лекарите велат дека по интервенцијата се пуштени дома. Пожарот кој беснееше неколку часа избувнал од плинска боца во куќата на семејството Ибраими. Пламенот се ширел со голема брзина и за кратко време зафатил уште неколку соседни куќи. Семејството на Емин Ибраими кое брои 12 члена останаа на улица.
Пожарот ја зафатил и куќата на неговиот брат и неговиот сосед кој бил дома со своите деца и внуци. Први на помош пристигнале соседите кои гаселе со црева и ги евакуирале децата од опожарените куќи.
На пожарот интервенирале 8 противпожарни возила на скопската бригада. Гаснењето било отежнато бидејќи се работи за куќи кои се лепенки една на друга.
Опожарени се 4 семејни куќи. Семејствата ноќта ја поминале под ведро небо бидејќи велат немаат каде да одат. Апелираат до надлежните и хуманите граѓани да им помогнат.
-
Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар