-->
-->
43 годишник од Свети Николе пукал во 32 годишна жена, а потоа се самоубил
-->
– Четириесет и три годишниот Т. А од Свети Николе утрово извршил самоубиство, откако претходно се обидел да ја убие 32 годишната О. Б.
-Четириесет и три годишниот Т. А од Свети Николе во 7.50 часот пред Пензионерскиот дом во Свети Николе со пиштол пукал кон 32 годишната О. Б од Свети Николе. При што таа се здобила со повреда, констатирана во Клиничката болница Штип, а потоа Т.А. пукал во себе, по што починал. Извршен е увид од јавен обвинител и полициски службеници од СВР Штип и се преземаат мерки за расчистување на случај, се вели во соопштението на СВР-Штип.
Според првичните информации мотивот е невозвратена љубов. 32 годишната О. Б е хоспитализирана и е надвор од животна опасност.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Поднесено обвинение за убиство при семејно насилство во Кавадарци
-
Димитриеска Кочоска: Досега од буџетот се обезбедени 30 милиони денари за настраданите во Кочани, а исплатени се 11,2 милиони
-
Славески: Ќе ја оправдам довербата, а оние кои имаат забелешки ќе ги убедам дека Народна банка била и ќе остане неазависна
-
Кривична против 2 лица од Скопје, пронашле платежна картичка и ја искористиле 30 пати
-
38-годишник пронајден починат во семејна куќа во Гевгелија
-
Приведен 27-годишник, ја нападнал поранешната партнерка и случајни минувачи
-
Сообраќајна несреќа помеѓу автомобил и мопед во Скопје, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди
-
Објавени се Конкурси за питомци и студенти за прв и втор циклус на студии на Воената Академија