-->
-->
45 дена затвор за скопјанка која со „Мерцедес“ двапати прегази куче во Улцињ
-->

Основниот суд во Улцињ ја осуди 43-годишната Сашка Стојановска од Скопје на 45 дена затвор за кривично дело „убивање и мачење животни и разорување на нивното живеалиште“.
Според пресудата, Стојановска на 24 јули во Улцињ, управувајќи „мерцедес“, најмалку двапати поминала со автомобилот преку куче од расата шарпланинец, кое од здобиените повреди угинало.
При одредувањето на казната, судот ги зел предвид нејзината неосудуваност, семејните околности и фактот дека е мајка на две деца, како и битно намалената пресметливост утврдена со психијатриско вештачење.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Загина 65-годишен возач на мопед по судир со автомобил
-

Засилени контроли за електрични тротинети, во август констатирани 606 прекршоци, одземени 18
-

Герасимовски: Паркот на новинарите исчистен, бездомните лица иселени , го враќаме редот и мирот во Центар
-

НАТО забележува пораст на руските хибридни напади
-

Сослушани сведоци на обвинителството и одбраната во случајот против судијата Ѓоко Ристов
-

Преку забрзување на реформите и координација меѓу владите, парламентите и политичките чинители до поскоро членство во ЕУ
-

45 дена затвор за скопјанка која со „Мерцедес“ двапати прегази куче во Улцињ
-

ЈЗУ ГОБ „8-ми Септември“ со низа настани го одбележува Светскиот ден на сепсата
