Македонија
26. November 2026 - 13:39

45-годишен возач со „ауди“ прегази 15-годишна девојка во Скопје

Тешка сообраќајна несреќа се случила во Скопје, откако 45-годишен возач со автомобил „ауди“ удрил 15-годишна девојка.

Несреќата била пријавена на 25 ноември околу 22 часот, на крстосницата меѓу улицата „Цветан Димов“ и булеварот „Крсте Мисирков“.

Од ударот, девојката се здобила со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Автомобилот бил со скопски регистарски ознаки, а зад воланот бил 45-годишен маж од селото Танушевци.

Полицијата извршила увид на местото на несреќата и работи на целосно расчистување на случајот.