5-ти смртен случај со грип оваа сезона
82 годишен пациент невакциниран и со лабораториски потврден грип починал во Клиничката болница во Штип. Имал повеќе хронични заболувања и вирусот кај него дополнително ја влошил состојбата. Ова е петти смртен случај оваа сезона и сите се со коморбидитети и без заштита од грип.
Последниот неделен извештај од Инситутот за јавно здравје покажува намалување на бројот на заболени во споредба со претходната недела. Меѓутоа бројките и понатаму се високи и има 2347 пријавени во периодот од 3 ти до 9 март.
-Од бројките се гледа дека 516 се кај деца од 5 до 14 години, 198 кај лица над 65 годишна возраст и 179 се регистрирани кај деца од 0 до 4 годишна возраст и како што гледате најмногу или една третина се кај деца. Во Скопје и понатаму има најмногу слулаи 931, Битола 202 и Куманово 176, вели марија Андоновска, директор на ИЈЗ.
Дебар и Ресен се градови каде има многу висока активноста на вирусот на грип.
Оваа сезона бројот на заболени со грип е 22 291 а половината од нив се регистрирани во најраткиот месец, односно во февруари.
-
Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар