50 милиони денари одобрени од Бирото за рамномерен регионален развој за реализација на проекти на Истокот
Средства во висина од 50 милиони денари се одобрени од Бирото за рамномерен регионален развој за реализација на проекти во источниот плански регион. Општините ќе кофинансираат 20 милиони денари. Приоритет добија проектите кои имаат за цел подобрување на туристичката понуда.
- Реконструкција на пристапен пат до Беровско Езеро, завршување на колекторот во с. Лесново и дополнително во рамки на овие средства ќе се уредува спортско-рекреативниот локалитет Равна река во општина Пехчево, изјави Зујица Ангелова, директор на ЦРИПР.
Со акциониот план за 2022 –та година планирана е дигитализација на општините и инфраструктурно поврзување на руралните и урбаните средини.
- Станува збор за план кој што опфаќа и поекти кои што се започнати, но и нови проекти кои што ќе бидат во интерес на граѓаните на целиот источен регион, изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип и претседател на Совет на ИПР.
-Вредноста на акциониот план, со сите проекти кои што се пренесени од 2021-ва и планирани за 2022-ра е некаде околу 414 милиони денари, додаде Ангелова.
Ќе се работи и на доизградба на градскиот пазар во Делчево, осветлување на влези и излез од Македонска Каменица, партерно уредување на Дом на млади во Штип и уредување на паркот во Кочани.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар