63 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје
И 63 години подоцна, Скопје се сеќава на кобното утро на 26 јули кога за само неколку секунди градот беше разорен, а стотици семејства засекогаш беа променети. Зад секоја бројка остана нечие дете, родител, сопруг, пријател, нечиј цел свет. Со солидарноста од светот, од правот, урнатините и солзите се роди нова надеж.
Сеќавањата за тој кобен ден не бледнеат за скопјани. 80-годишниот Слободан раскажува како со неговата фамилија се спасувале себеси и домот во кој живееле. Дел од граѓаните ја избегнале трагедијата затоа што во тој момент не биле во главнот град.
Скопје денеска се развива секојдневно во модерен град, задоволен е градоначалникот Ѓорѓиевски. Тој денот го помина во увид на градежните работи на клучката кај Момин поток.
Државни делегации, амбасадори, политички субјекти, граѓански организации и годинава положија цвеќе на споменикот на жртвите од земјотресот и со минута молк оддадоа чест на загинатите.
Во 5 часот и 17 минути, земјотресот со магнитуда од 6,1 степен според Рихтер, одзеде 1.070 животи, повеќе од 3.000 беа повредени, а уништени близу 16 илјади станови. Над 200.000 жители останаа без покрив над главата.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар
