Македонија
23. May 2025 - 19:52
7 специјализанти добија решенија во охридската болница
7 специјализанти инфектолог,анестезиолог, радиолог, педијатар, хирург и двајца гинеколози, ги потпишаа договорите за работа во општата болница во Охрид. Со оглед на тоа што само за 8 месеци заминале 10 специјалисти во пензија и во приватни установи ќе се пополнува дефицитот во здравството.
Младите лекари, задоволни што својата кариера ќе ја градат во родниот град.
Директорот на болницата Маркоски најави 24 часовна работа во текот на летот во одделението за педијатрија со 5 специјалисти кое три години по ред нема дежурства па децата се носат во соседна Струга.
Оваа установа некогаш броела и до 600 вработени од кои 80 лекари а моментално има 53 специјалисти што значи болницата, недостигаат уште триесеттина лекари специјалисти.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->