Македонија
28. July 2025 - 15:06

71-годишен кумановец загина во сообраќајка при судар со товарно возило

Едно лице загина во сообраќајна несреќа што се случи попладнево во 13 часот на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, соопштија денеска од СВР Куманово.

-Во СВР Куманово било пријавено дека на магистрален пат Куманово-Крива Паланка, во населба Карпош, Кумановско, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило и патничко моторно возило „пежо“, управувано од Б.С.(71) од Куманово. Од здобиените повреди, на местото починал Б.С., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Увидот е во тек, информираат од кумановската полиција.

Од Итна помош кажаа дека нивна екипа излегла на терен.

-Наша екипа веднаш излезе на терен и лекарот констатирал смрт, изјави д-р Бленд Алии, началник на Итна помош Куманово.

Сообраќајот на овој патен правец е затворен поради увидот од страна на полицијата.

 

МИА