Македонија
28. July 2025 - 14:16

Кривична пријава против две лица од Велешта кои му се заканувале на пратеник од Струга

СВР Тетово поднел кривична пријава против А.К.(35) и Б.К.(33), двајцата од струшкото село Велешта, осомничени за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. 

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, тие во мај годинава преку социјални мрежи му се заканиле на пратеник од Струга. 

- На 18 мај 2025, преку апликација на социјална мрежа, пријавените упатиле закани кон С.С.(42) од Струга, пратеник во Собранието на Република Северна Македонија, наведува МВР во полицискиот билтен.

 

МИА