Македонија
6. October 2026 - 14:16

77-гoдишен пeшaк починал откако бил удрен со патничко возило - возачот го напуштил местото

На 05.10.2026 околу 05:30 часот во СВР Велес е пријавено дека на автопатот Градско-Велес, на место викано „Штипска клучка“, патничко возило удрило во пешакот С.М.(77) од с.Мамутчево, велешко, по што возачот со возилото го напуштил местото.

Oд здобиените повреди, пешакот С.М. починал на местото, а лекар констатирал смрт. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено во Судска медицина за обдукција. Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа на СВР Велес. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.