Македонија
25. August 2025 - 19:05

8-дневен притвор за насилникот што влета на терен - синот исклучен од ФФМ

Штипското основно јавно обвинителство побара, а судот одобри осумдневен притвор за 43 годишниот А.А. родител од Скопје, кој вчера на фудбалскиот натпревар меѓу клубовите Шкупи и Бегалница на игралиштето „Бело Брдо“  во Штип, физички нападна двајца малолетни фудбалери. Осомниченото лице е спроведено во затворот во Куманово, од Основниот суд Штип информираат дека по скратена постапка ќе следува и судење. 

- Осомничениот извршил грубо насилство на 24 август на стадионот „Бело Брдо“ во Штип, за време на фудбалски натпревар меѓу младинските екипи на фудбалските клубови „Брегалница“ и „Шкупи“. Со дејствијата тој ја загрозил сигурноста на две деца родени 2010 година, играчи за тимот на „Брегалница“, нанесувајќи им телесни повреди. Освен тоа, кај оштетените, останатата присутна публика и во јавноста предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв, се вели во соопштението од Обвинителството.(ТЕЛОП – ОЈО)

По инцидентот дисциплинска комисија на ФФМ донесе одлуки со кои се казнуваат четворица фудбалери, клубовите и официјалните лица. Играчот на Шкупи, Абдуљи Леарт, кој физички го нападна противникиот играч и му нанесе сериозни повреди е исклучен од фудбалската федерација. Други двајца играчи на Шкупи кои учествувале во тепачката им е изречена забрана за играње од 3 месеци, а на фудбалер на штипска Брегалница, забрана за играње на 4 натрпевари. Одговорност ќе има и од клубовите.

- За фудбалскиот клуб Шкупи 1927 е поведена дисциплинска постапка поради физички напад на родители/навивачи врз противничките играчи, а санкцијата се однесува кокретно на екипата, помлади пионери која го сторила прекршокот. За клубот Брегалница 2008 е поведена дисциплинска постапка поради лоша организација на натпреварот и пропусти во обезбедувањето, стои во соопштението од ФФМ ( ТЕЛОП-ФФМ)

Против Алејса Виши, координатор на млади категории во клубот Шкупи е поведена дисциплинкс апостапка поради давање лажни информации и измама, односно, внесување на лица во системот на ФФМ кои не биле присутни на натпреварот.