Се бара оставка од Филипче - Платформата 12.05 го достави, СДСМ јавно го објави и го одби планот за промени
Наместо на директна средба со Филипче, Платформата 12.05 ја достави иницијативата за промени во СДСМ преку партиската архива.
СДСМ јавно го објави документот кој е означен како доверлив и експресно го отфрлија, како што велат уште пред да го прочитаат.
Неодложна и неотповиклива оставка на Филипче е првото барање.
- Итен избор на интегритетна, кредибилна, непристрасна и независна од актуелното раководство, Работна група со извршен мандат на определено време која ќе подготви план за санација и темелни внатрешни реформи во најкус разумен рок.
- Ревизија на изборот и мандатниот статус на актуелните делегати на Конгресот.
- Одржување вонреден конгрес за усвојување на неопходни статутарни измени.
- Огранизирање фер, слободни и демократски внатрепартиски избори, се главните барања на Платформата.
Во документот со 17 потписи адресиран лично кон Филипче од Палтформата му порачуваат „Ако се охрабриш да се соочиш со вистината и конечно да разбереш дека само силен СДСМ може да одговори на сите предизвици, подготвени сме да воспоставиме внатрепартиски дијалог. Прифати ги предлозите и можеме да ти гарантираме дека ќе сториме се што е во наша моќ да бидеш запишан на светлата страна на партиската историја. Ти си на потег. Ако и натаму ја игнорираш реалноста ќе го однесеш СДСМ во драматичен пораз од кој ќе биде прашање дали некогаш ќе може да се опорави. Нема потреба да биде доверливо. За разлика од нив, кај нас сè е транспарентно. Нека читаат граѓаните“, возвратија од СДСМ.
Во документот, преведено на народен речник:
-Венко, препушти ја партијата. План немаме. Не знаеме ни како. Мораме да ја растуриме, зашто ја крена од мртвите. А и рејтингот и на тебе и на партијата сериозно ви порасна. Ги читавме резултатите на Мицкоски.
СДСМ ја објавува програмата на Платформата ЗНАМ 2.0. Нека чита народот. Седумнаесет потписи против 18 илјади гласа и против целосно СДСМ.
Кафеана против Статут. Шема против партија.
Порака до Платформашите, шемаџиите, ЗНАМ 2.0 и другарите од анти-НАТО, анти-ЕУ и руската партија Левица: Партијата не е на продажба. СДСМ не се предава на аванс. За нас, СДСМ не вреди само 1,6 милиони евра, како за вас. Ние сме за Европа, за вистина и правда, велат од СДСМ.
Од Платформата 12.05 претходно најавија дека доставувањето на иницијативата за структурни промени во СДСМ е последна шасна за Филипче пред тие да превземат конкретни чекори, но засега без детали за јавноста кои ќе бидат нивните следните чекори откако СДСМ ја одби нивната иницијатива.
-

Деспина Тодоровска
Сите содржини од овој новинар
