Фон дер Лајен во Скопје со совет за деблокада на процесот со Бугарија
Претседателката на Европската Комисија дојде во Скопје за да го советува премиерот веднаш да закаже средба со официјална Софија.
Извори на Сител во МНР брифираат дека Муцунски ввеќе побарал средба со Петрова. Новиот развој во односите со Бугарија доаѓа по барањата на Владата во Скопје, Брисел поактивно да се вклучи во надминувањето на спорот со Бугарија.
Тоа, како што објасни претседателката на Европската комисија е главната причина поради која Македонија идната недела нема да добие патоказ за проширувањето како уште 4 други земји членки.
Премиерот и денеска рече дека за Македонија членството во Евопската унија останува врвен приоритет, уште еднаш фокусирајќи се на потребата Брисел активно да биде вклучен во процесот.
Претседателката на Европската Комисија во неколку наврати повтори дека Македонија припаѓа во Европската Унија, изразувајќи задоволство од темпото со кое се спроведуваат реформите. Сепак, како што објасни, за старт на преговорите, неопходни се уставни измени.
Фон дер Лајен попладнево се сретна и со Претседателката Сиљановска а направи и увид во градежните активности на железничкиот дел од коридорот 8 кој треба да ги поврзе Македонија и Бугарија.
-

Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар
