Балкан
1. April 2022 - 16:36

8 рудари загинаа при експлозија на метан во рудник во Србија

Колоната погребални возила сведочат за трагедијата во рудникот „Соко“ кај Сокобања во која загинаа осуммина рудари а повредени се 18мина. Најмладиот имал 31, а највозрасниот 59 - Сите починале од задушување со метан. Такви се и сведоштвата на преживеаните.

Лекарите од болницата во Ниш велат дека рударите биле донесени во безсознание со полесни повреди.

Роднините кои во солзи чекаа инфомрации за своите блиски, тврдат дека рудникот бил небезбеден.

Од управата на рудникот пак тврдат дека се работело за несреќа која не можела да се спречи.

Државните институции најавуваат детална истрага.

Несреќата во рудникот се случила во четири часот утринава, а во рударските окна имало педесетина работници.