85% од наставниот кадар во Штип е вакциниран
На стартот од учебната година, 85 % од наставниот кадар во штипските средни и основни училишта е вакциниран. Од вкупно 638 наставници не вакцинирани се 90, поради здравствени причини или затоа што биле позитивни на корона вирусот во време кога требало да ја примаат првата доза вакцина. Овој тренд го следи и најголемото основно училиште во градот „Ванчо Прќе“.
- Задоволителна е бројката во нашето училиште и некаде околу 85 % од наставниот кадар, администрација и технички персонал се вакцинирани- изјави Методи Папаров, директор на ОУ „Ванчо Прќе“-Шти
Како превентивна мерка против Ковид 19 училиштето ја реорганизираше наставата.
- Од кабинетска настава преминавме на класична настава, бидејќи сметавме дека со тоа контактите меѓу учениците со другите паралелки ќе бидат помали, додаде Папаров
Во зависност на возраста, учениците во училишната зграда ќе влегуваат од 3 различни влезови.
- Најмалите ќе влегуваат од просторијата каде што е училишната сала, бидејќи тие и ќе учат во приземјето на училиштето. Учениците од трето, четврто и петто одделение влегуваат од кај училишната библиотека, од вториот влез, а најголемите, учениците од предметна настава од шесто до девето ќе влегуват преку централниот влез на училиштето- изјави Папаров
Поради лимитираност со простор, во клупа ќе седат по двајца ученици, а на големиот одмор училниците ќе се проветруваат и дезинфицираат.
-
Трајан Рисотвски
Сите содржини од овој новинар
