-->
-->
86-годишник и неговиот 60-годишен син се обиделе да силуваат 33-годишна жена во угостителски објект во Леуново
-->

Двајца мажи од Гостивар, 86-годишен татко и неговиот 60-годишен син, биле лишени од слобода по пријава за физички напад и обид за сексуален напад врз 33-годишна жена од Тетово.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен откако жената навела дека во угостителски објект во село Леуново, гостиварско, била физички нападната од сопственикот на објектот и неговиот татко. Таа пријавила и дека двајцата се обиделе да извршат обљуба врз неа.
Полицијата ги привела осомничените вчера околу 13:30 часот, по што биле задржани во полициска станица.
Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

„Силно светнал ден“ за 35 години независност
-

Охрид со бројни настани привлекува посетители
-

Преглед на вестите од светот
-

Пожарот во Сопиште ставен под контрола
-

Охриѓани ја слават Света Петка
-

Тема на денот со Влатко Сулев, претседател на Национална асоцијација за дојдовен туризам
-

Преглед на вестите од светот
-

Гори Водно кај с. Чифлик, Сопиште
