Македонија
20. April 2021 - 16:42

90 позиција за Македонија во извештајот на репортери без граници, се бележи влошување на состојбата со медиумите

Новинарството е блокирано во 73 проценти од државите според извештајот на Репортери без граници. Во Македонија состојбата со медиумите е оценета како проблематична. Земјава е рангирана на 90 место за 2020г, за две места подобра од претходната 2019.

Основен проблем според извештајот и натаму е неказнивоста кон насилството и нападите врз новинари. 

Токму за насилството многупати реагираа од новинарските здруженија во земјава кои потенцираа доколку не се казнуваат напаѓачите насилството  ќе продолжи и тоа ќе го нотираат меѓународните организации.

Известувањето дополнително било комплицирано откако настапила пандемијата оценуваат од Репортери без граници.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ смета дека лошиот извештај се должи на медиумскиот мрак и репресии кон новинари.

Состојбата со медиумите е подобро оценета во Косово и Албанија, додека зад нас се Србија, Црна Гора и Бугарија. Генералниот секретар на РСФ потенцира дека новинарството е најдобрата вакцина против дезинформација.