A1 Групацијата го забрзува ICT растот: Вештачката интелегенција и Cloud во центарот на дигиталната трансформација

Вештачката интелигенција и Cloud технологиите влегуваат во нова фаза , од експериментирање кон конкретна и скалабилна примена во бизнисот. Ова е во фокусот на A1 Group ICT Summit 2026, кој на 29 и 30 септември ги обединува во Виена лидерите, технолошките експерти, клиентите и партнерите на A1 Group.
ICT е меѓу најбрзорастечките сегменти на A1 Group. Приходите од ICT услуги пораснаа од 285 милиони евра во 2021 година на 573 милиони евра во 2025 година, што претставува просечен годишен раст од 19 проценти. Само во 2025 година, растот изнесува 20 проценти.
„ICT е стратешки приоритет за A1 Group. Компаниите денес се соочуваат со сè посложени технолошки средини, додека AI и Cloud суштински го менуваат начинот на кој функционираат. Нашата амбиција е да ги комбинираме капацитетите на Групацијата, локалната близина до клиентите и силните технолошки партнерства за да им помогнеме на компаниите успешно да ја реализираат оваа трансформација“, вели Алехандро Платер, Главен извршен директор на A1 Групацијата.
Клучната порака од Summit-от е дека следниот чекор за AI не е само откривање на нови можности, туку нивно сигурно интегрирање во реалните деловни процеси. A1 работи на примена на вештачката интелигенција во корисничките операции, автоматизацијата на мрежите, развојот на софтвер, автоматизацијата на работните процеси и креирањето нови AI-базирани услуги.
Истовремено, Cloud станува основа за оваа трансформација, со комбинација на приватна инфраструктура, европски Cloud платформи и глобални провајдери зависно од потребите на конкретниот бизнис.
Од технологија до конкретна деловна вредност
За компаниите, прашањето повеќе не е дали да инвестираат во AI, туку како да ја интегрираат технологијата во бизнисот без да ја загрозат безбедноста, контролата врз податоците и деловната ефикасност.
„За нас, дигиталната трансформација не завршува со воведување нова технологија. Вистинската вредност се создава кога технологијата решава конкретен деловен предизвик и кога им помага на компаниите да бидат поефикасни, побрзи и поконкурентни. AI и Cloud веќе не се иднината, туку инфраструктурата врз која се гради следната генерација на бизнисот“, вели Методија Мирчев, Главен извршен директор на A1 Македонија.
Во оваа трансформација сè поголемо значење има и дигиталниот суверенитет –односно контролата врз податоците, инфраструктурата и AI работните оптоварувања. Преку Exoscale, дел од A1 Digital, A1 Group ги зајакнува европските Cloud и AI капацитети и им овозможува на клиентите поголем избор околу тоа каде и како се обработуваат нивните податоци.
Темата за дигиталниот суверенитет, како и потребата AI да премине од успешни тестови кон продуктивна употреба, беа меѓу клучните теми во известувањето од Виена. Фокусот е на сигурни податоци, стабилна Cloud инфраструктура и поголема контрола врз дигиталните зависности.

A1 Group со силен раст во ICT
A1 Group е водечки давател на дигитални услуги и комуникациски решенија во Централна и Источна Европа, со повеќе од 33 милиони корисници и присуство на седум пазари, меѓу кои и Северна Македонија.
Со A1 Group ICT Summit 2026, A1 ја потврдува амбицијата ICT бизнисот да го развива како еден од клучните двигатели на растот – комбинирајќи AI, Cloud, конективност и експертиза за да создаде практични, безбедни и скалабилни дигитални решенија за компаниите.
Ново на Сител
-

Дејан Јованов излегува од притвор
-

По скандалот со Македониумот, директорот на Историскиот музеј во Крушево поднесе оставка
-

Пуштен е во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“, 1.150 студенти добиваат современи услови за живот и студирање
-

A1 Групацијата го забрзува ICT растот: Вештачката интелегенција и Cloud во центарот на дигиталната трансформација
-

Пожар во стан во Скопје, 11-годишно девојче пренесено во болница
-

Силувал малолетничка, ја демнел и барал експлицитни фотографии од неа - приведен 17-годишен скопјанец
-

Уапсени тројца полски државјани откако провалиле во воени магацини, па се дале во бегство
-

Двајца ученици паднале од електричен тротинет пред основно училиште - едниот е тешко повреден
