Адеми: Не е точно дека Али Ахмети се повлекува

Дезинформација е дека лидерот на ДУИ Али Ахмети ќе се повлече од политичката сцена по локалните избори, вели потпретседателот на партијата Арбр Адеми.
- Не е точно дека претседателот Али Ахмети ќе се повлече од ДУИ и од политиката, изјавил Адеми за „Слободен печат“, во врска со пишувањата на медиумот на албански јазик „Фол“ дека Ахмети сериозно размислувал да се повлече од активната политика по изборите.
Според информациите на медиумот добиени од ДУИ, Ахмети веќе разговарал за оваа одлука со дел од своите најблиски соработници, како и со политички партнери од Албанија и Косово.
Конечната одлука се очекува да биде објавена по завршувањето на вториот круг од локалните избори, со цел да не се влијае врз исходот за кандидатите на партијата, наведува „Фол“.
МИА
Ново на Сител
-

Советот на јавни обвинители ги чека предлозите од Владата
-

Филипче: Да се зголеми минималната плата
-

Ѓорѓиевски: Скопје застанува на нозе
-

Кадровско зајакнување во КБ-ШТИП, со 60 нови вработувања
-

Ќе се реновира Ученичкиот дом во Прилеп
-

Преглед на вестите од светот
-

Камионџии и натаму добиваат црн печат, ЕК ќе презентира преодно решение следната недела
-

Електронски листи за операции
