Македонија
5. February 2026 - 12:32
Советот на јавни обвинители ги чека предлозите од Владата
Советот на јавни обвинители се уште не ги добил од владата петтемина кандидати кои конкурираа за државен јавен обвинител. Првиот човекот на советот, вели, штом пристигнат кандидатурите за наследник на Коцевски, во законскиот рок од 15 дена ќе ги оценат тројцата обвинители и двајцата судии кривичари кои имаат желба да застанат на чело на државното јавно обвинителство. Позитивна или негативна оцена ќе добие секој од нив, а кој од кандидатите ќе добие шанса да го гласа собранието, од советот велат, за тоа треба да одлучи владата.
-->
-->
