Обвинителот Игорчо Крстов бара Ива Михаилова јавно да се извини за клеветењата
Обвинителот Игорчо Крстов преку адвокат бара јавно извинување од обвинетата Ива Михаилова за обвинувањата кои ги изнела против него на подкаст во Бугарија.
Обвинителот бара таа да ги повлече јавно изјавите и да се извини за клеветите кои ги упатила кон него.
Крстов смета дека нејзините тврдења го нарушиле неговиот углед и професионална репутација.
Тој ги отфрли сите обвинувања а ова го истакнал и на завчерашното судско рочиште кога обвинителот побарал да бидат прибавени нејзините изјави објавени на социјалните мрежи како и целокупната документација за нејзината здравствена состојба.
Обвинителот побарал да му се достават сите податоци од системот мој термин.
Ива Михаилова која избега од државата гостуваше во подкаст во кој го обвини обвинителот дека од неа преку посредник барал пари за да и биде изречена условна казна.
Меѓу останатото и дека обвинителот и упатил дискриминаторска порака поради нејзиното бугарско национално чувство. Михаилова во подкастот го нарече обвинителот „бугарофоб“.
Судот го одби барањето на Михаилова за учество на расправата преку видеоврска, наведувајќи дека законските одредби не предвидуваат таква можност за обвинети лица.
Одлуката не била променета ниту по жалбата што ја доставила адвокатска канцеларија од Бугарија. Следното рочиште е закажано за 27 ноември.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
