Администрацијата на Трамп планира да го ограничи бројот на бегалци примени во САД во 2027 година на 17.500

Администрацијата на Трамп планира да го ограничи бројот на бегалци примени во САД во 2027 година на 17.500, претежно белци од Јужна Африка.
Во известувањето до Конгресот, администрацијата наведува дека белците Јужноафриканци се соочуваат со ризик од одземање на земјиште и други форми на прогон и дека веројатно ќе се интегрираат кога ќе пристигнат во САД. Владата на Јужна Африка постојано го отфрла тврдењето дека белците Јужноафриканци се прогонувано малцинство во својата татковина.
Администрацијата на Трамп драматично ја промени програмата за бегалци на Вашингтон, која им овозможи на десетици илјади бегалци од земји ширум светот да започнат нов живот во САД.
Во својата порака до Конгресот, администрацијата наведува дека има намера да потроши околу 500 милиони долари за новодојденци во САД.
Организациите кои со години работат на преселување на бегалците во земјата ја критикуваа одлуката на администрацијата повторно да ја ограничи програмата на белци од Јужна Африка.
Претседателите го одредуваат максималниот број бегалци што САД ќе ги примат во рамките на програмата секоја година. Историски гледано, тие бројки се распоредени низ различни географски региони, земајќи ги предвид војните и конфликтите што создаваат хуманитарни потреби низ целиот свет. Од почетокот на програмата во 1980 година, САД примаат просечно 92.000 луѓе годишно.
Минатата година, администрацијата на Трамп првично постави квота од 7.500 луѓе, претежно Африканци, но подоцна го зголеми бројот на 17.500 откако рече дека „непредвидените случувања во Јужна Африка создадоа извонредна ситуација со бегалците“.
За време на неговиот прв мандат, Трамп значително го намали бројот на бегалци одобрени за прием секоја година. Администрацијата на демократот Џо Бајден ја обнови програмата, поставувајќи цел да прифати 125.000 бегалци во последната година од мандатот.
МИА
Ново на Сител
-

Денеска е Митровден - празник посветен на Светиот великомаченик Димитриј
-

САД нудат награда до 20 милиони долари за информации за иранската нуклеарна програма
-

Одбележани 130 години од изградбата на храмот „Свети великомаченик Димитриј“ во Скопје
-

Трамп бара истрага против демократите, ги обвини за „кривично дело“
-

Крвав напад во Краков: Најмалку шест загинати, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот
-

Осум српски полицајци уапсени за смртно претепување на братот на осомничениот за убиството на Данка Илиќ
-

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне услови за дожд во западните делови од земјата
-

Андоновски: Целта е граѓаните што побрзо да ги почувствуваат придобивките од дигитализацијата
