АХВ го затвори пансионот „Ав Aв Хепи Дог“
Поради бројни пријави за можно ширење на парвовироза во хотелот за миленици „Авав Хепи Дог“, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) извести дека објектот е привремено затворен и нема да работи додека не заврши вонредниот инспекциски надзор.
„Официјални инспектори од АХВ продолжуваат со проверка на евиденцијата на кучињата сместени во пансионот во скопската населба Бардовци, како дел од вонредниот инспекциски надзор што започна вчера. Пансионот доби привремена забрана за работа која ќе важи се додека не се утврди здравствениот и вакциналниот статус на животните и се потврди или отфрли присуство на парвовироза“, соопшти АХВ.
Дополнително, на сопствениците на 15 кучиња кои во моментот биле во хотелот им е советувано да ги земат дома, да ги изолираат и да направат лабораториски тестови за парвовироза, и покрај тоа што животните не покажуваат знаци на болеста.
Ново на Сител
-

Левица со предлог Закон - Да нема отказ при бременост
-

Недостига кадар во угостителскиот сектор
-

Штипска Клиничка се конолидира кадровски и финансиски
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Мирче Адамчевски, новинар/аналитичар
-

Преглед на вестите од светот
-

Нов член во Судски совет според нов закон, а стари критериуми
-

Масовен вандализам во Ново Лисиче: Оштетени над 40 возила
