Штипска Клиничка се конолидира кадровски и финансиски
Штипска Клиничката во изминатата година се фокусираше на намалување на дефицитот на кадар, вклучително лекари, медицински сестри и болничари. Во текот на 2025 година се реализирани 36 нови вработувања, а преку владиниот проект се приклучија и 18 приватни специјализанти.
- Некои од нив завршија, се специјализираа и веќе се специјалисти во болницата и го реализиравме и другиот оглас со 18 вработувања, од кои има 7 општи лекари, двајца фармацевти и медицински стестри беа останатите, изјави Владко Захариев, директор на Клиничка болница- Штип
Болницата, која има регионален карактер, со години работи со околу 30% помалку кадар од предвиденото според систематизацијата на работните места.
- Стратегијата за 2026 година е поагресивен прием на персонал, особено каде што има најголем дефицит, медицински сестри, болничари, хигиеничари, административен и технички персонал, истакна Захариев.
2025 година била посветена на финансиска консолидација, со значителен напредок во намалувањето на заостанатиот долг. Од август минатата година до крајот на годината се вратени над 150 милиони денари. Најголем дел од преостанатиот долг, околу 60% е кон Центарот за трансфузиологија.
- Долгот беше 188 милиони, на 31.12. 2024-та година беше 125 милиони денари и веќе очкеуваме 31.12-ти оваа година да биде некаде околу 35 милиони денари, изјави Захариев
За 2026 година е планиран нов буџет на Клиничката болница, при што од Фондот за здравствено осигурување ќе се бара зголемување од 35 до 40%. Во буџетот се предвидени набавка на нови апарати, сервисирање на старите, како и дополнителни вработувања.
-

Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар
