АХВ: Немаме надлежност за постапување при заштита на здравje при работа и издавање HACCP елаборати
Во пишано известување Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ја известува јавноста дека нема надлежност да постапува за прашањата што беа наведени во прес-конференцијата на в.д. градоначалникот на Кочани, Венко Крстевски, а во која тој побара одговорност за издавањето дозволи за работа на угостителските објекти.
- Агенцијата за храна и ветеринарство е надлежен орган за контрола на безбедноста на храната и здравствената заштита и благосостојбата на животните. По однос на прашања кои се однесуваат на заштита и здравје при работа, АХВ нема надлежност за постапување, како што нема надлежност ниту во делот на издавање елаборати за HACCP, ниту е надлежна за приклучување на електричната мрежа. Основно е операторите да се регистрираат како оператори со храна во АХВ за што, освен пополнетото барање за регистрација на објектите и операторите со храна од неживотинско потекло, потребно е да го достават и решението за упис во Централен регистар, доказ за право на користење на објектот - имотен лист, купопродажен договор, договор за закуп и слично, и доказ за платена административна такса. Кај дискотеките се регистрира само шанк каде се служат пијалаци, се истакнува во известувањето од АХВ.
Според Агенцијата, инспекциски надзори кај операторите со храна се вршат како редовни, согласно Годишниот план за вршење инспекциски контроли, и вонредни - по издаден работен налог или по поднесена претставка, односно иницијатива.
Ново на Сител
-
Кризен штаб поради Блискиот Исток
-
Мицкоски не сака да ја коментира истрагата за Кочани - СДСМ ќе добие одговор на изборите
-
До средината на јули ќе се комплетира листата за кандидати за градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски: Има предлог термин за средба, да почекаме да се изјасни бугарската страна
-
Мицкоски: Во вториот квартал би требало да имаме извонредно висок раст на БДП
-
Трипуновски: Кога ќе одберете домашен производ, вие инвестирате во иднината на нашите села
-
Афазија е нарушување на комуникацијата по мозочен удар - Во земјата има околу 10 000 лица со оваа состојба
-
Шведска поддршка за блатото