АХВ: Продолжуваат вонредните инспекциски контроли на зелените пазари

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) соопшти дека ќе ги продолжи засилените вонредни инспекциски контроли на зелените пазари, чија цел е, како што наведува, „сузбивање на нелегалната трговија со овошје и зеленчук и продажбата на храна во несоодветни услови, без потекло, најчесто од препродавачи кои тргуваат надвор од организираните пазарни простори“.
- Минатата недела, во рамките на акциите спроведени на скопскиот „Зелен пазар“ и на пазарот во населбата Ѓорче Петров, запленети и уништени се над пет тони небезбедна храна. Станува збор главно за овошје и зеленчук, кои нелегално се продавале надвор од пазарот, со што директно ја загрозуваат безбедноста на потрошувачите, но и ја нарушуваат конкуренцијата на пазарот на штета на примарните земјоделски производители и легалните трговци - информира АХВ.
Контролите се спроведуваат во координација со комуналната инспекција на Град Скопје, Министерството за внатрешни работи и Државниот пазарен инспекторат, со цел спречување на нелегалната трговија и обезбедување законски услови за продажба на храна.
- Агенцијата за храна и ветеринарство ќе продолжи со спроведување на засилените контроли и во наредниот период на разни локации во Скопје и во државата. Целта е заштита на здравјето на потрошувачите, спречување на прометот со небезбедна храна и создавање фер услови за работа на легалните трговци и примарните земјоделски производители - посочува АХВ во соопштението.
МИА
Ново на Сител
-

СДСМ: Власта ги објави резултатите од болните во Брвеница пред да се отворат кутиите
-

Министерот за правда ги стартува разговорите за решение за правосудниот испит
-

Мицкоски: Со Окта се преговара за 2 денари попуст за дизелот
-

Неопходна е навремена превенција на ризичните однесувања кај младите
-

Преку фестивал на смоларскиот костен промовирани природните богатства на подбеласичкиот регион
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Предвремени избори во Брвеница
