АХВ: Започна превентивната вакцинација против антракс

Агенцијата за храна и ветеринарство согласно Годишната наредба за здравствена заштита на животните за 2025 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 54/25 и 211/25) по подолгогодишна пауза започна со превентивна вакцинација на говедата, овците, козите, копитарите и свињите против антракс во населени места во епизоотиолошките единици Велес, Зајас, Прилеп, Пробиштип, Велес и Сарај најдоцна до 17 ноември. Носителот на одобрението за ставање на промет на вакцината ВАКЦИНА ПРОТИВ АНТРАКС/ANTHRAX VACCINE ја набави и истата ја дистрибуира до надлежните ветеринарни друштва во дистриктите каде што ќе се врши превентивна вакцинација.
Трошоците за вакцинацијата против антракс се на товар на Програмата за користење на средства за здравствена заштита на животните во 2025 година.

Антраксот е сериозно заболување предизвикано од бактеријата која формира спори – Bacillus anthracis. Иако антраксот претежно ги зафаќа само домашните и дивите животни, луѓето можат да се инфицираат преку директен и индиректен контакт со заразените животни. Инфекцијата обично се јавува преку контакт со кожата, вдишување или цревна апсорпција. Почетокот на симптомите се јавува помеѓу еден ден и повеќе од два месеци по инфекцијата. Генерално, антраксот не се пренесува од човек на човек, но во ретки случаи, кожните лезии што ги предизвикува оваа бактерија можат да ја пренесат заразата. Антраксот се шири преку контакт со спорите на бактеријата, кои често се појавуваат во заразените производи од животинско потекло.
Ново на Сител
-

ТАВ Македонија: Меѓународниот Аеродром Скопје е отворен, поради ниска видливост има откажани и пренасочени летови
-

Велешанец приведен со 1,62 промили алкохол, нападнал и полициски службеник
-

Поради маглата, на скопскиот аеродром има откажани летови, се реализираат со задоцнување
-

Почина актерот Лазе Манасков
-

Откажување на годишниот концерт на НУ Ансамбл „Танец“
-

ОЈО Битола: Поведена постапка против 56-годишен маж за силување на жена
-

Премиерот Мицкоски во Русиново на119-годишнината од загинувањето на Даме Груев
-

На 75-годишна возраст почина Драган Б. Костиќ
