Акциска контрола на товарни возила – 25 возила исклучени од сообраќај

На 28.10.2026 година, во периодот од 09:00 до 14:00 часот, на територијата на целата држава, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на товарни возила, насочена кон откривање и санкционирање на неправилности поврзани со претовар, неправилно сместен и необезбеден товар, техничка исправност на возилата, превоз на лица, како и на моторни возила кои се вклучуваат во сообраќај од земјени патишта, градилишта и слични површини, при што нанесуваат кал на коловозот.
При спроведената контрола контролирани се 781 возило, од кои 92 се упатени на технички преглед. Констатирани се 101 неправилност, а поради утврдените неправилности, 25 возила се исклучени од сообраќај. Во рамки на контролата евидентирани се и три случаи на кривичното дело „безобѕирно управување со моторно возило“, согласно член 297-а од Кривичниот законик.
Дополнително, констатирани се и 219 прекршоци од друг вид. За сите констатирани прекршоци преземени се соодветни мерки согласно законските прописи, соопштуваат од МВР.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Очекуваме одговор од студентите за предлогот за студентскиот оброк, разговаравме и за правосудниот испит
-

Клековски на 12. турски медицински светски конгрес: Глобалните здравствени предизвици бараат заеднички одговори
-

Мерки претпазливост за приведените за милионски проневери во ФЗОМ
-

Раст на прометот со храна и горива, пад кај непрехранбените производи во септември
-

Од утре врнежи од дожд, локално пообилни
-

Четворица загинати во падот на хеликоптерот на ЕУФОР, двајца повредени во Тузла, девет во Брчко
-

Танкер во Ормуската Теснина е погоден од чамец со експлозив
-

„112 не е број за секојдневни проблеми“ - ЦУК со апел: Не ја блокирајте линијата, нечиј живот може да зависи од повикот
