Актерите бараат разрешување на директорот на штипскиот театар
Дел од штипскиот актерски ансамбл на прес конференција проговори за скандалот што веќе една недела ја тресе институцијата. Бараат итно разрешување на директорот Горан Трајков, за кого сметаат дека е виновен за кршење и повредување на работничките права.
-За овие седум месеци имаме дебело досие за нарушени меѓучовечки и професионални односи, две психијатриски белешки за мобинг, три пријави за малтретирање, дисциплински постапки во најава и едно отказно решение, изјави Владимир Тулиев, актер, Народен театар-Штип.
Пред нколку денови, за време на една театарска проба состојбата толку ескалирала што и директорот и актерите завршија во полициската станица.
-Одеднаш започнал на две колешки хистерично да им вика, поради што една колешка се јавила на својот сопруг да повика полиција и да дојде овде, бидејќи се сомневале дека е под некакво дејство на „нешто“, зашто тоа однесување и не доликува на раководител на една установа. Во меѓувреме доаѓа сопругот и малку ескалира работата- додаде Тулиев.
Ваквите обвинувања од дел од вработените, Трајков ги квалификува како лаги и невистини, а тензичната ситуација е резултат на тоа што не сакаат да си ги завршат работните задачи за кои се платени.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар