Македонија
21. July 2025 - 9:28

Активни четири пожари, три се под контрола, а 15 се изгаснати

До 08:00 часот изутринава на територијата на државата се евидентирани вкупно 22 пожари на отворен простор, од кои четири се активни, три се под контрола, а 15 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи.

Активни пожари има кај село Нивичино во Општина Василево (нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација), кај село Грешница во Општина Македонски Брод (мешана шума и сува трева), помеѓу селата Црешнево, Локвица и Крапа во Општина Македонски Брод (деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација) и помеѓу селата Царевиќ и Смолан во Општина Приле (сува трева).

Под контрола се пожарите кај с. Желино кон Еребино на планина Жеден (нискостеблеста шума, грмушки и ниска вегетација), кај селата Џидимирци, Крушје и Иванковци во Општина Велес (мешана нискостеблеста деградирана шума) и помеѓу селата Октиси и Белица во Општина Струга (сува трева).

 

МИА