Активни четири пожари, три се под контрола

Во изминатото деноноќие во земјава се регистрирани вкупно 25 пожари на отворен простор, од кои 4 се активни, 3 се под контрола, а 18 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи.
Активни пожари има кај с. Моране – с. Вртекица – с. Рамни Габер во општина Студеничани каде што годи мешана шума и кај Видуш, Драгов Дол и Локвица во општина Македонски Брод каде што е запалена ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки. Активен пожар има и во општините Велес и Зелениково, во атарот на селото С’лп, кој се шири кон селата Карабуњиште Добрино и Тисовица, како и во општините Јегуновце и Сарај, кај селата Копанце и Туденце, кој со проширува кон Бојане.
Под контрола се пожарите кај селата Алданци и Норово и кај Борино и Житоше во општина Крушево и на депонијата во Кратово.
МИА
Ново на Сител
-

Ново видео со врсничко насилство
-

Запален автомобилот на обвинетиот судија Ѓоко Ристов
-

Градежно вештачење за „Пулс“, безбедноста целосно игнорирана
-

Драстично поскапува дизелот
-

Граѓаните пријавиле доход од речиси 10 милијарди евра остварен лани
-

Реконструкција на касарната Ќојлија
-

Основана Кинеско-македонската стопанска комора
-

Владината реконструкција на дневен ред во Собранието
