Активни пожари на грчките острови Крит, Андрос, Парос и Калимнос – евакуирани неколку населени места

– Пораки од бројот 112 за итни случаи беа испратени до жителите и сите оние кои се наоѓаат во неколку населени места на грчките острови Парос и Андрос поради пожарите што избувнаа денеска, а активен пожар има и на островот Калимнос, додека пак на Крит што избувна вчера јужно од градот Ретимно сè уште не е ставен под контрола, јави дописничката на МИА од Атина.
На Андрос, поради пожарот што гори ниска вегетација во западниот дел на островот, беа евакуирани две населени места, а во гаснењето интервенираат 25 пожарникари со два пешадиски тима и пет возила, а на располагање е и еден хеликоптер.
На островот Парос одново се разгорија жаришта од пожарот што избувна во вторникот во депонија, а се прошири и на ниска вегетација, додека денеска поради опасноста до жителите на две населени места беа испратени пораки да се евакуираат.
За конкретниот пожар, како што утрово објави МИА беа уапсени четири лица, меѓу кои и градоначалникот и неговиот заменик.
Попладнево активен е и пожар на островот Калимнос, што избувна кусо пред 15.30 часот, интервенираат 15 пожарникари со еден пешадиски тим, три возила, а на располагање се и три хеликоптери, додека пак од соседниот остров Кос планирано е да пристигнат уште четворица пожарникари со две возила.
Големиот пожар на островот Крит, јужно од градот Ретимно и понатаму е вон контрола, повеќе од 24 часа по избувнувањето, а со одлука на генералниот секретар за цивилна заштита на Грција, во општината Агиос Василиос зафатена од огнените јазици е прогласена вонредна состојба во следните три месеци со цел справување со итните потреби и управување со последиците од шумскиот пожар, односни за забрзување на потребните постапки.
Во пожарот интервенираат 224 пожарникари со 11 пешадиски тима, 53 возила, волонтери и цистерни од општините, а на располагање се и два хеликоптери, додека пак силниот ветер не дозволува во гаснењето да се вклучат и противпожарните авиони.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Спасе Јанев, директор на Здравствен дом „Железничар“
-

Насилникот нема да смее да се врати дома 48 часа – ако ја прекрши забраната, следува кривична пријава
-

Потребно е поголемо охрабрување на жените од руралните средини да го пријавуваат насилството
-

Мицкоски: Реформската агенда и клучните законски решенија ќе бидат заокружени до декември
-

Охрабрувачки бројки за премиерот, разочарувачки за опозицијата
-

Политичките партии бараат одговорност за Алта банка
-

На Светскиот ден на дијабетесот пациентите бараат сензори за сите лица со Тип 1 и превенција од компликации
-

Поради ниската откупна цена на пченицата драстично намалување на површините за есенската сеидба
