Активни седум пожари, три под контрола, пристигнува помош од Чешка и Словенија
Активни се седум пожари на отворен простор од евидентирани 27 на територијата на државава во изминатото деноноќие, под контрола се три, а 17 се изгаснати. Во справувањето со пожарите денеска треба да пристигне помош од Чешка, која испраќа хеликоптер, и од Словенија, тим од 50 пожарникари со специјализирана опрема.
Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), активни се пожарите во планина Голем Готен и Малешевските Планини, каде гори нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација, во прилепското село Бешиште, кај местото викано Бешишки Рид, со крак кон село Градешница во Новаци и крак кон границата со Грција, зафатена е мешана шума, но не се интервенира поради детонации.
Активни пожари има и меѓу с. Царевиќ, Смолани, Радобил и Дрен во општина Прилеп и с. Галиште и Трстеник во општина Кавадарци, каде грои мешана шума и ниска вегетација, меѓу с. Црешево, Локвица и Крапа во Општина Македонски Брод, а зафатена е деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација, во с. Ќосевица во Македонска Каменица, борова шума, с. Ореше, во Чашка, ниска вегетација и букова шума, во кичевското село Горно Црско, ниска вегетација и ниска шума.
Под контрола се пожарите во с. Грешница во општина Македонски Брод, каде се зафатени мешана шума и сува трева, меѓу с. Драгоево и Селце во Општина Штип, нискостеблеста шума, прнар и сува трева и во карбинското село Јунузлија, каде гори шума.
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска најави најави променливо облачно и посвежо време претпладне со повремено пороен локален дожд, грмежи и услови за појава на краткотрајно невреме. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени.
Според мерењата на УХМР, во изминатите 24 часа, заклучно со 8 часот, наврбале шест литри дожд во Маврови Анови и Лазарополе, четири во Тетово, три во Попова Шапка, два во Пожаране, еден во Скопје-Зајчев Рид.
МИА
Ново на Сител
-
Клековски: За само една година направиме две промени во позитивната листа , го зголемивме и бројот на ин витро постапки од 3 на 6
-
Мајор уапсен за шпионажа: Наводно доставувал информации на Русија за украинските борбени авиони
-
Над 100 луѓе се убиени во израелски напади во Појасот Газа за еден ден, соопштија здравствените власти во енклавата
-
Сиљановска-Давкова до Бирн: Ирска да продолжи да се залага за кредибилен процес на пристапување базиран на заслуги
-
Жители на Русиново остануваат на терен по синоќешниот пожар кај месноста Св Марко кој е локализиран
-
Министерот Тошковски присуствуваше на отпочнување на процесот за полагање на испит за ракување со оружје
-
Илјадници обожаватели се простија од Ози Озборн
-
Трамп воведува 25 отсто царина на индиска стока, критикувајќи ги врските со Русија