Албанската мафија станува сè повлијателна во Белгија

Албанската мафија станува сè повлијателна во Белгија, според истражувањето спроведено од Институтот Кнак за локалните медиуми, објави агенцијата Белга.
Истражувањето го испитувало учеството на осомничени Албанци во случаи на белгиските судови помеѓу 2020 и 2026 година.
Повеќе од 2.000 осомничени Албанци се појавуваат во тековните истраги на федералната судска полиција.
- Според Франсоа Фарси, директор на судството во Лиеж, овој феномен значително се развил во последните 25 години. Додека албанските групи претходно беа поврзани главно со кражби и трговија со кокаин во мал обем, сега се вклучени во трговија со дрога во голем обем и перење пари, наведуваат медиумите.
Претседателот на Здружението на генерални обвинители, Фредерик Ван Леув, изјавил дека албанските криминални организации се специјализирани за логистички услуги.
Тие играат клучна улога во транспортот на дрога и готовина, воспоставувањето лаборатории за дрога и набавката на хемикалии.
- Овие мрежи работат на сè поструктуриран начин и можат да се споредат со организации како што се италијанската „Ндрангета“ или мексиканските картели. Профитот од криминални активности често се враќа во Албанија и се инвестира во сектори како што се градежништвото, недвижностите и туризмот, потврдиле истражителите.
Полицијата генерално ги нарекува „албански криминални организации“, бидејќи овие мрежи често вклучуваат осомничени од Косово, Црна Гора, Северна Македонија и други земји во регионот. Според истражителите, овие групи често се организирани околу семејни врски и долгогодишни односи на доверба.
МИА
Ново на Сител
-

Муцунски: Постои желба во Брисел за стимулирање на дијалог меѓу Македонија и Бугарија
-

Определен 30-дневен притвор за Стефан Богоев и уште три осомничени лица
-

Македонско-грчки бизнис ИКТ форум во Скопје
-

Виртуелниот простор станува нова сцена за врсничко насилство
-

Побаран притвор за Стефан Богоев за поткуп од 1800 евра
-

Македонија меѓу петте најбрзорастечки економии во Европа
-

Тема на денот со министерката за финансии Кочоска
-

Мицкоски: Ќе победиме со разум, Филипче: Рефрендум за уставни измени
