Албанскиот Парламент го ратификуваше договорот за пристапување кон Одборот за мир

Албанското собрание попладнево со 110 гласови „за“, еден воздржан и без гласови „против“ го ратификуваше пристапниот договор на Република Албанија, претставувана од премиерот Еди Рама, во Одборот за мир, инициран од американскиот претседател Доналд Трамп.
Во бурната расправа, покрај другото беше отфрлен амандманот предложен од опозициските пратеници, да се избрише името на Рама со 79 гласови против, 30 “за” и без воздржани.
Опозицијата бараше во Одборот за мир земјата да ја претставува шефот на државата, Бајрам Бегај.
Во меѓувреме, претседателот Бајрам Бегај го овласти премиерот Рама да го потпише договорот за Одборот за мир.
-Ја однесовме Албанија, посветена на мирот, на врвот на ОБСЕ и на масата на Советот за безбедност на Обединетите нации, каде со гордост и чест ги поставивме албанското знаме и нација, изјави меѓу другото Рама.
Тој покрај другото одговори и на прашањето зошто не е во Давос. Според него не заминал на Форумот во Давос бидејќи имал планирана средба со Иванка Трамп, ќерката на американскиот претседател, која со сопругот се прогласени за стратешки инвеститори во Албанија.
Претседателот на парламентот, Нико Пелеши, во објава на Фејсбук оценува дека учеството на Албанија во Одборот за мир е „јасна посветеност на земјата во соработката и придонесот кон глобалниот мир и безбедност”.
МИА
Ново на Сител
-

Панчевски поднесе кривична до членовите на Советот на обвинители
-

Николоски: Први чекори кон директна авиолинија од Саудиска Арабија
-

ЦУК: Намалено нивото на реката Вардар, во моментов нема опасност од излевање
-

Одлета конструкција од кров на училиште поради силен ветер во Гевгелија
-

Јордан Митев ги крена Македонците во Торонто на нозе, спектакуларен концерт на нашата музичка ѕвезда | ВИДЕО
-

Џеј Ди Венс: САД имаат многу инструменти за да го спречат Иран да се здобие со нуклеарно оружје
-

Три тиквешанки мета на измама, полицијата апелира на внимателност
-

На Попова Шапка 97 сантиметри снег
