Македонија
3. February 2026 - 19:05

Алиу со работна група се вклучува во случајот со извоз на мозочно ткиво во САД

Министерот за здравство преку работна група ќе ги анализира сите информации за извезување на мозочно ткиво од починати граѓани во САД како дел од меѓународно истражување. Азир Алиу вели дека ќе проверуваат дали има документација од периодот кога почнал проектот во Универзитетот Колумбија и постои ли некаков  меморандум за научна соработка.  Асминистративната проверка подразбира дали имало дозвола од семејтвата и дали е почитувана етичката димензија за што и двајцата  носители на проектот Алексеј Дума како тогашен директор на Судска медицина и Горазд Росоклива тврдат дека се било според протоколите. Но нејасно е дали работната група ќе наиде на одговори доколку документацијата од пред две децении е уништена.

Според соопштението што го добивме од Министерството за здравство, во тоа време обррска за чување на документи била 15 години а од 2018 е променета на 25 години. Здравствените власт велат дека немаат директна надлежност за оваа тема. 

-Од Медицинскиот факултет сме информирани дека научно-истражувачката работа која е поврзана со биолошки материјал кој во себе содржи генетски карактеристики е предмет на ригорозно нормативно регулирање, како што е Закон за научно истражувачка дејност, Правилник за клинички испитување, Упатство за начинот на постапување при трансфер и транспорт на биолошки материјали, како и начинот на пакување и обележување биолошки материјали, стои во соопштението како одговор на прашањето колкку се сега строги протоколите за извоз на биолошки материјал. 

Во времето кога траел проектот постапката предвидувала  Информирана согласност на семејството, по што следувала одлука од Етичка комисија за истражување кај луѓе, за постапката да продолжи со дозвола за извоз на ткива од тогашно Биро за лекови, во кое прецизно се наведува дека ткивото е за научноистражувачка дејност и за кои цели се користи. 

 Носителите на проектот велат дека тој не бил таен а во него биле вклучени младите кадри од Институтот за судска медицина. 

Темата стана актуелна во јавноста по објавувањето на документи со починатиот милјардер Џефри Епстин. Во досието е наведено дека ЁМакедонија со години придонесувала со мозочни ткива за истражување на самоубиства.