Алиу: За два дена прегледани над 200 лица во рамки на скринингот во Трубарево
Во текот на вчерашниот ден се прегледани над 100 лица на двата пункта во Трубарево, од кои осум се упатени на Клиниката за пулмологија поради хронични заболувања за кои подолго време не направиле контролни прегледи.
Како што информира министерот за здравство Азир Алиу, според информациите од тимовите на Клиниката за пулмологија, пациентите кои биле упатени на Клиниката имале симптоми на потешко дишење, сува кашлица, стегање во градите.
Во рамки на скринингот се детектирани и пациенти со висок крвен притисок кои биле советувани да се обратат кај својот матичен лекар за натамошни испитувања.
- Министерството за здравство во соработка со Клиниката за пулмологија спроведе дводневен скрининг на населението во Трубарево, со цел навремено откривање на евентуални симптоми на дишните патишта. Скринингот опфати клинички преглед, мерење на пулс, сатурација и проценка на витален капацитет. Овој скрининг имаше голем одѕив со над двесте прегледани пациент во два дена и беше навистина добро прифатен од локалното население и во следниот период продолжуваме да ја следиме состојбата во соработка со Клиниката за пулмологија и сите надлежни институции, истакна министерот Алиу.
МИА
Ново на Сител
-
30 години дипломатски односи со САД
-
АВМУ не додели платена реклама за Левица и ЗНАМ, Апасиев со претставка до Уставен
-
ДИК го затвори избирачкиот список – 1 832 415 избирачи имаат право на глас
-
Доставени уште 5 досиеја на кардиолошки пациенти да се испитаат дали интервенциите биле направени без потреба
-
Регионална школа за срцева слабост
-
Околу 170 бубрежно болни чекаат трансплантација
-
Муцунски: Вештачката интелигенција да се користи за зацврстување на мирот и стабилноста
-
Левица поднесува иницијатива пред Уставен и кривични за членовите на АМВУ и ДИК