-->
-->
Алкараз и Медведев четвртфиналисти во Виена
-->

Вториот и третиот носител на АТП турнирот од серијата 500 во Виена, што се игра за награден фонд од 2,79 милиони евра, се пласираа во четвртфиналето.
Шпанецот Карлос Алкараз вечерва се соочи со сериозен отпор од Грузиецот Николоз Басилашвили во вториот сет, но на крајот победи со 6-1, 7-6(11).
Од друга страна, Русинот Данил Медведев мораше да спасува меч-поен против Британецот Камерон Нори, пред да обезбеди победа од 4-6, 6-3, 7-6(1) по два часа и 31 минута игра.
Алкараз во следното коло го очекува дуел против Американецот Томи Пол, додека Медведев ќе се соочи со Французинот Адриан Манарино.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Обвинетиот за потпалувањето на колите на бугарската амбасада призна вина
-

Од 1 мај директна авиолинија меѓу Тиват и Скопје
-

Нелојална конкуренција во занаетчискиот сектор
-

Недела на италијанскиот јазик во Штип
-

Околу 3.500 граѓани од струмичкиот регион се пријавиле за бесплатна вакцинација против грип
-

Прилепската болница прва во Македонија ќе добие „Соба за испраќање на бебињата“
-

Преглед на вестите од светот
-

„Роаминг како дома“ во земјите од ЕУ од следното лето?!
