Македонија
30. October 2026 - 12:18

Од 1 мај директна авиолинија меѓу Тиват и Скопје

Од 1 мај ќе биде воспоставена директна авиолинија меѓу Тиват и Скопје, која во почетната фаза ќе сообраќа двапати неделно. Новата авионска врска треба да го олесни патувањето меѓу двете земји, но и да придонесе за развој на туризмот и економската соработка.

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, очекува линијата да привлече поголем број патници и да отвори нови можности за бизнис и туристичка размена.

На средбата двајцата вицепремиери разговарале и за продлабочување на економската соработка, при што договориле следната година да се организира голем бизнис-форум на кој ќе учествуваат компании од двете држави.