Loading Video...
Македонија
30. October 2026 - 17:36

Македонија во фокусот на единствената претседателска дебата во Бугарија

Прашањето за Македонија и евроинтеграциите повторно се најде во епицентарот на политичката дебата во Софија.

Во единственото телевизиско соочување пред вториот изборен круг темата предизвика остри судири меѓу претседателските кандидати а фокусот се префрли на меѓусебни обвинувања за сериозни политички грешки  па дури и национално предавство.

Јотова и Ѓуров оценија дека односите меѓу двете земји продолжуваат да бидат подложни на тензии и отворени прашања особено во врска со почитувањето на бугарската заедница и спроведувањето на договорените рамки.

Кој ја спасил а кој ја загрозил националната позиција беа дел од меѓусебните обвинувања.

Кандидатот за претседател и поранешен премиер на привремена влада во Бугарија ја бранеше линијата дека францускиот предлог всушност ја зацврстил позицијата на државата и дека нападите се само дел од дневната политичка реторика.

По острите обвинувања изнесени од Јотова, реагираше и поранешниот премиер Кирил Петков кој ги отфрли тврдењата нејзини како лажни и најави судски тужби против неа.

- Излажа дека за време на нашето заедничко патување во Северна Македонија сум сакал да ја предадам бугарската позиција, т.е. ме обвини за национално предавство. Вистината е дека за време на моето владеење ја претворивме позицијата на Бугарија за Северна Македонија во позиција на целата Европска Унија. А патувањето не беше за преговори како што тврди таа и не беше во Скопје, туку во Битола на отворање на бугарскиот клуб, Кирил Петков 

Премиерот Мицкоски во интервју вчера уште еднаш порача да и се остави време на Владата да ја исправи неправдата и да се избори за интересите на државата.

Тој нагласи дека товарот оставен од минатото е огромен и дека процесите бараат стратешко гледање на месеци и години унапред.

Според Мицкоски нема да се преземе ниту еден чекор додека нема целосна сигурсност за решавање на проблемот.

Последните дипломатски напори и пораката од Скопје е дека евентуалниот договор треба да обезбеди предвидливост и да спречи земјата повторно да се најде во ситуација на нови условувања.