Тенис
11. July 2025 - 19:21

Алкараз ќе ја брани титулата на Вимблдон, откако избори трето финале

Актуелниот двократен победник на Вимблдон Карлос Алкараз успеа да се избори за своето трето финале на овој Грен слем турнир, откако со 3:1 во сетови (6:4; 5:7; 6:3 и 7:6(6)) го победи Американецот Тејлор Фриц. Алкараз на тој начин ја продолжи серијата победи на Вимблдон.

Првиот сет Шпанецот го освои со 6:4 во гемови, а Фриц успеа да изедначи освојувајќи го вториот сет со 7:5. По водството од 2:1 во сетови, во четвртиот сет особено во тај брејкот беше возбудливо.

Фриц успеа да се избори за две сет топки и поведе со 6:4 на поени во тај брејкот, но Алкараз направи серија од четири поени и ја реализираше првата меч топка.

Противник на Алкараз во финалето ќе му биде победникот од второто полуфинале во кое играат Јаник Синер и Новак Ѓоковиќ.