Loading Video...
Свет
11. July 2025 - 16:40

Преглед на вестите од светот

30 години од геноцидот во Сребреница, во кој силите на босанските срби убија над 8000 босански муслимани, претежно мажи и момчиња. На гробиштата на Меморијалниот центар Сребреница Поточари денеска беа погребани посмртните  останки на уште седум идентификувани жртви од геноцдиот а на комеморацијата присуствуваа голем број луѓе, вклучително и меѓународни претставници.

Досега се погребани посмртните останки на околу 7 000 идентификувани жртви. Досега 54 лица се осудени за геноцид, злосторства против човештвото и други злосотрства во Сребреница со вкупнно 781 година затвр. Петтмина се осудени на доживотен затвор.

Мината година Генералното собрание на ОН го прогласи 11 јули за Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница изврешен во перидот од 11 до 23 јули 1995 година, со јасна осуда за негиарњето на геноцидот и на величењето на извршителите. Овој геноцид останува траен потсетник на обврската за зачувување на мирот и човековите права  и достоинството на секоја личност. Да учиме од минатото и да создаваме иднина во која таквите трагедии никогаш нема да се повторат“, е пораката која ја испрати македонската влада по повод 30 години од геноцидот во Сребреница.

Израел продолжува со воздушните напади  против цели на Хамас во појасот Газа додека во Катар израелските и преговарачите на Хамас водат разговори за договор за 60 дневен прекин на огнот. Преговорите се водат со посредство на САД, Катар и Египет. Цивилната одбрана на плаестинската енклава соопшти дека 66 цивили се убиени во вчерашните израелски  воздушни удари.

17 од жртрвите биле убени додека чекале ред за додатоци во исхрната  пред клиника во Дери Ал Балах. 8 од нив биле деца. Израелската армија изјави дека нападот бил насочен кон член на палестинско движење Хамас за кого тврдат  дека бил вклучен во масакрот од 7 октомври во 2023 година.

Армијата изрази жалење за убиените цивили и нагласи дека прави се што е во нејзина можност за да го намали бројот на невини жртви во појасот Газа.